Битолскиот состав „Џез сценарио“вчеравечер одржа концерт во КЦ Магаза. Вклучувајќи ги веќе познатите преработки на џез хитот „Lullaby of Birdland“ и „Samba do Avião“, концертот се состоеше од 10 композиции кои се преработки и аранжмани на основачот и уметнички раководител на бендот, Вангел Мажевски.
Покрај Мажевски, кој свири на пијано, за прекрасната музика на „Џез сценарио“ која ја воодушеви многубројната публика придонесоа и вокалот на Денис Алитовски, басот на Дарко Бошков, тапаните на Методија Мешковски, гитарата на Методија Здравевски, трубата на Диме Цветковски, алт саксофонот на Марјан Будиноски, тенор и алт саксофонот на Мирко Митровски и тромбонот на Гоце Костурски.