БИТ ФЕСТ:КОНЦЕРТ НА „БИТОЛСКИ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР“

БИТ ФЕСТ:КОНЦЕРТ НА „БИТОЛСКИ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР“

    Битола, иако град со богата музичка традиција, долго време недостасуваше дувачки оркестар кој ќе го разубавува градот. Оркестарот кој некогаш постоел, денес во ново светло, со нови музчки лица од кои зрачи љубов и емоција е реоформен од ентузијастот и капел мајстор на оркестарот Марјан Бакревски, кој стои на чело на оркестарот кој гледа светла иднина за овај оркестар. Марјан Бакревски е роден во Битола, каде што го завршува средното музичко образование, а потоа животниот пат го следи до Соединетите Американски Држави и Австрија. После повеќегодишната работа во различни оркестри како New England Philharmonic, Charls River Wind Ensamble, Wiener Kagran Musik, Dorfmusik Strebersdorf, k.u.k Regimentskapelle IR4, Марјан добива инспирација и желба да застани на чело на Битолскиот Дувачки Оркестар. Марјан Бакревски работи како професор по кларинет во Средното Музичко Училиште во Битола. Битолскиот дувачки оркестар изведува дела од Штраус, Теике, Суза, Лехрман и др. Со синоќешниот настап предизвика голем интерес кај битолската публика која го преполна Широк Сокак.