Во Малата сала на Завод и Музеј беше промовирана книгата „Меѓа“ од Никола Петровски. Промотор на книгата е Вилма Костовска, а промоцијата беше збогатена со вокално камерниот ансамбал Ad libitum art.
„Меѓа“ содржи искрени записи за времето кое авторот го поминал во медитативен разговор со ехото на нејасниот говор на емоциите барајќи спокојство во длабочината на сопствената душа.
„Пренесувајќи го она што го чувствувам, ја откривам мистичноста на интимниот свет кој ме води кон сопствена идентификација. Токму производот од сето ова е ставен под насловот „Меѓа“. Оваа меѓа го означува крајот на мојот заборав и почетокот на сеќавањето за мене!“, вели авторот Никола Г.Петровски.
Книгата се состои од селекција на песни на Петровски пишувани во еден подолг период.