КАФЕ ФЕСТИВАЛ „КАФЕ КАБАНА НА ШИРОК СОКАК “

КАФЕ ФЕСТИВАЛ „КАФЕ КАБАНА НА ШИРОК СОКАК “

Манифестацијата „Кафе кабана на Широк Сокак“ е своевиден фестивал на кафето, забава во која производителите и дистрибутерите на различни видови кафиња во Македонија, покрај конвенционалната комерцијална презентација имаа можност за непосреден, забавен и несекојдневен начин пред своите конзументи да ги презентираат и промовираат своите кафиња.
Од друга страна, нивните секојдневни конзументи дружејќи се меѓу себе, а низ разни игри, забава и музика дружејќи се со дел од познатите лица со филџан кафе на „лаф“ муабет продолжувајќи ја старата градска битолска традиција, денот да започне продолжи и заврши во добро друштво и уште подобро расположение со неколку филџани кафе за свој мерак.
Најинтересен дел од „Кафе кабана на Широк Сокак“ беше „Трка на штикли со кафе“. Најуспешна на трката беше претставничката на Кафе Леџенд, која беше и најбрза и со најмногу сочувано кафе. Забавата продолжи со исклучителна латино музика.