Најмладите имаа можност да ја проследат втората вечер од 13 -тиот интернационален детски музички фестивал „Тра-ла-ла“ на кој настапија деца од 14 земји од светот. Втората гала вечер на фестивалот на која беа прогласени и победниците се одржи во античкиот локалитет „Хераклеа“.