БИТ ФЕСТ – ФИЛМСКИ ДЕНОВИ „SEE A PARIS“

БИТ ФЕСТ – ФИЛМСКИ ДЕНОВИ „SEE A PARIS“

Oд понеделник во рамките на Битфест започнуваат филмските денови See a Paris – „Балкански филмски караван“ во организација на  Универзитетот за аудиовизуелни уметности „Есра“ во рамките на кој ќе бидат прикажани 5 филмови од Србија, Босна, Хрватска, Црна Гора и Турција. Проекцијата на филмовите ќе биде секој ден од 13 – 17 август во 22.00 часот пред КЦ Магаза. Алтернативна локација во случај на дожд: Мала сала, Центар за култура 22.00 часот.
 
 “Како ме украдоа Германците”, (Србија), 140 минути Режија: Милош Радивоевиќ
Режисерот и писател Милош Радивојевиќ ја раскажува приказната за неговото детство и живот во текот на Втората светска војна. Како дете тој се чувствува запоставен од неговото комунистичко семејство, но единствениот човек кој го згрижил, му пружил љубов и топлина, е еден германски офицер кој го окупирал неговиот дом за време на војната.