БИТ ФЕСТ 2011-ЈУБИЛЕЈНА 50 ИЗЛОЖБА НА ЗДРУЖЕНИЕ НА КОПАНИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА – БИТОЛА

БИТ ФЕСТ 2011-ЈУБИЛЕЈНА 50 ИЗЛОЖБА НА ЗДРУЖЕНИЕ НА КОПАНИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА – БИТОЛА

 
Во рамките на БИТ ФЕСТ 2011 Здружението на копаничари добива поддршка од Градоначалникот Владимир Талески и Општина Битола со што беше отворена 50 јубилејна изложба на здружението на копаничари на Македонија – Битола.  Во изложбата се вбројуваат дела на 32 копаничари од Македонија
Резбарството, заедно со фрескоживописот ги симболизира најстарите македонски корени, културата и историјата на македонскиот народ и неговата препознатливост во целиот свет. Македонија е лулката на резбарството – копаничарството.  Античката, светогорската, епирската, слепченско – прилепската, банската, дебарско-охридската и денес македонската школа  која ја негува здружението на копаничари на Македонија говорат дека копаничарството во Македонија се развива и егзистира многу одамна.  Сите овие школи преку изразувањето на елементите, композициите, симболите и стилот имаат свои белези по кои се препознатливи, но во суштина се македонски со многу мали, дури и никакви влијанија и примеси на школите од другите земји. 
Денес во Република Македонија забележан е подем во градењето на иконостаси и црковен ентериер од искусни мајстори по сите копаничарски канони, законитости, симболика и традиции, што само по себе може да не радува – вели Злате Крстески претседател на здружението на копаничари на Македонија, мајстор копаничар.