Пред 15 години од прекрасната Хераклеја во Битола се слушна несекојдневна музика, која уште тогаш во 1996 најави почеток на нешто големо, на музичко име кое денес ги издигнува на ниво на најпозната, најзначајна и најактивна група во Македонија која потекнува од Битола. Спонтаноста е главна карактеристика во нивната музика, така што спонтано се случи и нивниот концерт на БИТ ФЕСТ да биде точно на онаа дата кога беше и нивниот прв концерт во Битола.
Фолтин е една од најпознатите групи од Битола, Македонија Имаат учествувано во многу музички и театарски фестивали во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херецговина, Албанија, Бугарија, Франција, Унгарија и повеќепати се наградени за нивната работа.
Специјални гости на концертот на Фолтин беа Оливер Јосифовски од ,,Љубојна” кој е дел од првата постава на ,,Фолтин”, Сенко Велинов, Никола Коџобашија и Васко Бојаџиски и Владан Дробицки од ,,Сетстат”.
После концертот во Битола, дел од членовите на Фолтин заминуваат за Пула каде ќе работат на подготовка на театарска претстава, а во септември ,,Фолтин” ‘ќе гостува во Бејрут.
Во изминатиот период ,,Фолтин” издаде 5 албуми, а подготовките за новиот албум се на почеток.