БИТ ФЕСТ: ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЗА СИТЕ МОИ КРАЕВИ“ ОД АЛЕКСАНДАР КРСТЕВ

БИТ ФЕСТ: ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЗА СИТЕ МОИ КРАЕВИ“ ОД АЛЕКСАНДАР КРСТЕВ

 

Во малата сала на Центарот за култура се одржа промоција на збирката поеми на Александар Крстев, насловена „За сите мои краеви“.
„Ја пронајде ли твојата летна љубов… Љубиш ли воопшто? Во кое годишно време?“
Ова првенче на авторот Александар Крстев, професороот Венко Андоновски го опишува со зборовите: Денес никој не сака да се исповеда, најмалку за љубовта – Крстев сака. Денес никој не сака да зборува за болките и лузните што љубовта ги остава, туку сака да ги заборави. Александар Крстев – не. Тој сака и да зборува и да не ги заборави болните лузни. Тој едноставно го живее еротизмот на светот низ најинтимни слики кои без скрупули им ги покажува на другите. Таква писателска смелост и чесност кон себе си и сопствените чувства, одамна немам видено. Во име на таа невиност на перцепцијата и интимата на јазичен чин, го поздравувам ова литературно првенче и допрва очекувам името Александар Крстев да стане дел од номенклатурата на убавите вредности на современата македонска литература, вели професороот Андоновски.