БИТФЕСТ 2013 – ДЕНОВИ НА ЕВРОПСКА КУЛТУРА ВО БИТОЛА

БИТФЕСТ 2013 – ДЕНОВИ НА ЕВРОПСКА КУЛТУРА ВО БИТОЛА

 

Во рамките на осмото издание на ботолското културно лето во НУУБ Свети Климент Охридски започнаа „Денови на европска култура во Битола.
Културата ги ангажира и инспирира луѓето да ги надминат границите, велат иницијаторите на настанот. Моќта за поврзување на културата е од суштинско значење за создавање отворено, инклузивно и демократско општество и како таква е од непроценлива важност за изградба на светот.
Промоцијата пред граѓаните на Битола со културното богатство на Франција, Полска, Австрија и САД е особено важна, а на овој начин се покажува и заложбата на библиотеките и нивниот придонес кон интеграцијата во европското семејство.