БИТФЕСТ: АЈРИ ДЕМИРОВСКИ – ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ВОСПЕА БИТОЛА

БИТФЕСТ: АЈРИ ДЕМИРОВСКИ – ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ВОСПЕА БИТОЛА

 

Во културниот центар Магаза се одржа поетско музички рецитал и форум „Ајри Демировски – човекот кој ја воспеа Битола“. Во перформансот преку видео записи, искажувања на пеачи, композитори, новинари, публицисти и хроничари, како и настап на неколку познати имиња од битолската и македонската естрада се зборуваше за големото творештво на Ајри Демировски, првиот почесен граѓанин на Битола, човекот кој со антологиската песна „Битола мој роден крај“ ја воспеа Битола.
Во овој поетско музички перформанс Ајри Демировски претставен е онаков каков што битолчани го знаат, а исто така обелоденети беа и нови моменти од животот и делото на Ајри, кој за време на својот живот покрај „Битола мој роден крај“ напишал уште осумдесетина прекрасни песни, од кои голем број биле познати како народни. Автор на проектот е Менде Младеновски, директор, главен и одговорен уредник на „Битолски весник“.