БИТ ФЕСТ Етно концерт „Дамарите чалгија оркестар“

БИТ ФЕСТ Етно концерт „Дамарите чалгија оркестар“

 

   Магаза
   Доследен наследник на македонската традиција и култура, твори и работи оркестарот за чалгиска музика „Дамари чалгија оркестар“ составен од ентузијасти, вљубеници во народниот фолклор, со единствена цел зачувување и продолжување на традицијата на изворното чалгиско музицирање. Почетоците на оркестарот, во кој членуваат Стефка Апостоловска (вокал), Марјан Бакревски (кларинет/кавал), Игор Милевски (виолина), Стевче Васевски (тамбура/гитара), Пеце Јуруковски (саз/ут/џумбуш), Никола Наумовски (тарабука/деф) и Зоран Беговски (вокал/деф) датираат од 1998 година.

   Репертоарот на „Дамари“ е составен од педесетина песни и ора, бисери на македонското изворно чалгиско творештво.