Со одлука на Комисијата за јавни дејности при Советот на Општина Битола, на лицата со посебни потреби им беа доделени 130 бесплатни трајни билети за градски и приградски превоз. Во координација со Здруженијата на слепи, на глуви и наглуви како и со меѓуопштинското здружение на телесни инвалиди , Општината интензивно работи во насока на овозможување подобри услови за лицата со посебни потреби во нашиот град. Преземени се и други конкретни активности,како поставувања на приодни рампи, обезбедување на посебни паркинг места и сл.