СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦА МАКСИМ ГОРКИ

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦА МАКСИМ ГОРКИ

Денеска започна асфалтирањето на улица Максим Горки. Во изминатиот период на улицата се интервенираше на водоводната и канализационата мрежа, а денес улицата се асфалтира во должина од 375 метри. Вкупната вредност на проектот за реконструкција на оваа улица изнесува 8 500 000 денари.