ПОДГОТОВКА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАТОТ ТРНОВО – МАГАРЕВО

ПОДГОТОВКА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАТОТ ТРНОВО – МАГАРЕВО

Во тек се подготвителните активности за преасфалтирање на патот Трново – Магарево и уредување на платото пред Црквата Света Богородица во с. Трново. Реализацијата на овој проект ја финансираат Агенцијата за рурален развој и општина Битола.
„Овој пат навистина е многу фрекфентен, беше правен пред неколку години, но кога и да интервенирате има потреба нешто да се направи. За оваа интервенција најголемиот дел од финансиските средства се од Агенцијата за развој на земјоделството и еден дел од општина Битола. Просторот пред дворот на црквата честопати беше со прашина, еден неуреден простор, поради што неколкупати имавме сугестии од мештаните и од гостите за тој дел да се среди. Со овој проект вршиме асфалтирање на таа платформа која што ќе биде користена за разни намени, а кога е најфрекфентно и како паркинг простор. Исто така ќе се асфалтираат и 2 км пат од Трново до излезот од Магарево. Во моментов во тек се подготвителните градежни активности, а по завршувањето на подготовките на повеќе места низ градот, се ова ќе биде асфалтирано“, информираше Градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески на денешната средба со жителите на Трново и Магарево.
Во постапка е и проектот кој се однесува на обезбедување на квалитетно водоснабдување за жителите на 20 села од општина Битола, меѓу кои и селото Трново. Динамиката на реализацијата на проектите ја одредува министерството за транспорт и врски, а истите ќе овозможат поврзување на градскиот водовод на оние села каде што за тоа постојат географски услови или изградба на резервори во потешко пристапните места.