ПОДГОТОВКА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ЧЕТИРИ УЛИЦИ ВО С.КУКУРЕЧАНИ

ПОДГОТОВКА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ЧЕТИРИ УЛИЦИ ВО С.КУКУРЕЧАНИ

Четири улици во с.Кукуречани кои никогаш не биле асфалтирани, деновиве интензивно се подготвуваат за асфалтирање. Подготовките се во завршна фаза, а улиците ќе добијат нов коловоз на почетокот на идната недела:
„Во Кукуречани имаме зафати на четири краци, во вкупна должина над 1 км. Инвестицијата е околу 4 000 000 денари, а се реализира по барање на мештаните. Како и секогаш ги согледуваме нивните потреби, ги собираме податоците и интервенираме онаму каде што ќе кажат дека навистина е најприоритетно. Се обидуваме насекаде да ги задоволиме потребите на мештаните, се разбира дека барањата се секогаш поголеми од можностите затоа што се работи за одделување на финансиски средства, но мислам дека овде со овие четири краци, многу ќе се подобри патната инфраструктура. Морам да се заблагодарам и на „Сокотаб“, затоа што овде во с.Кукуречани, во неколку наврати тие помогнаа во реконструкција на училиштето, а идниот период во заедничка соработка со нив претстои подобрување – изградба на нова сала во училиштето. Со ваквите инвестиции значително се подобруваат условите за живеење во ова место“, изјави Д-р Владимир Талески, Градоначалник на Општина Битола.
Реализацијата на програмата на Општина Битола продолжува на повеќе локации во градот и во руралните средини во оваа општина. Адаптација на коловоз во моментот се врши на патот Трново – Магарево, а во тек се активностите и на улици во селата Бистрица, Кравари, Логоварди и Цапари.