ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛ.ИВАН МИЛУТИНОВИЌ

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛ.ИВАН МИЛУТИНОВИЌ

Интензивната градежна експанзија во Битола продолжува. На сите улици каде што е завршена водоводната мрежа и канализацијата започнува асфалтирање на улиците.
Започна првата фаза од интервенцијатата на ул. Иван Милутиновиќ, од завршениот булеварски влез од страната на Прилеп и Скопје и кружниот тек Дулие, се продолжува со улицата Иван Милутиновеиќ која во првата фаза ќе биде направена до мостот на реката Драгор кај СВР-Битола, но нејзината реконструкција ќе биде поделена во неколку потфази. Се предвидува нов кружен тек, како и интервенција кај подземниот премин кој со години не е во функција и истиот ќе биде ослободен во соработка со сопствениците на тамошните објекти.
Во следниот период ќе се реконструира улицата Васко Карангелевски со нов кружен тек кај Веро, а доколку анализите на експертите покажат дека има потреба ќе биде изграден и трет кружен тек.
Во моментот во тек се интервенции на ул: 9 та Јоаким Крчовски, Струшка, Кирил и Методиј, 29 ти ноември, Ленинова, Крсте Нале, Стара Чешма. Станова збор за пакет на улици со вредност од над 78 милиони денари кои оваа градежна сезона ќе бидат реконструирани.