НОВ АСФАЛТЕН ПАТ ВО СЕЛО ЕГРИ

НОВ АСФАЛТЕН ПАТ ВО СЕЛО ЕГРИ

Градоначалникот Талески го пушти  во употреба  1,2 километри асфалтираниот  дел од селските патишта во село Егри, со што се заокружи овој дел од селската патна инфраструктура. Проектот се реализираше со финансиска поддршка на агенцијата АЛКА  и средства на општината.
Со реализацијата на овој проект се подобрија животните услови во оваа рурална средина во која жителите можат да живеат на современ начин.