СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ КОН СЕЛО ЛАВЦИ

СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ КОН СЕЛО ЛАВЦИ

Со денешното асфалтирање на патот кон с.Лавци, големата желба на мештаните ќе биде исполнета, а со тоа ќе станат минато проблемите со кои честопати се соочува.
„Ова што им го ветивме на граѓаните го реализираме. Се работи за должина на пат помалку од еден километар и вкупна вредност од околу 9 000 000 денари од кои 5 500 000 денари се од Европската банка преку Министерството за транспорт и врски, а 3 500 000 се инвестираат преку КЈП Нискоградба“, изјави градоначалникот на општина Битола кој најави продолжување на асфалтирањето до селото по завршувањето на овој проект.
Покрај интензивните инфраструктурни активности во поранешната касарна, продолжуваат активностите и на повеќе  училишта, како и изградбата на новите училишни објекти во Крклино и Карамани.