Амбасадарот на Романија, Адријан Константинеску, беше во прва официјална посета на Битола. Градоначалникот Талески го прими во својот кабинет, каде беше разговарано за можностите за скоро отворање на Почесен конзулат на Романија во Битола. Покрај другото, Амбасадарот беше запознат и со проектот “Индустриска зона”, за што пројави особен интерес за поддршка и соработка.