АМБАСАДОРКАТА НА ФРАНЦИЈА ЛОРЕНС ОЕР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

АМБАСАДОРКАТА НА ФРАНЦИЈА ЛОРЕНС ОЕР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Амбасадорката на Република Франција, г-ѓата Лоренс Оер, денеска ја посети општина Битола. На средбата со градоначалникот се разговараше за повеќе прашања, меѓу кои акцентот беше ставен на настаните кои на 11 Ноември ќе се реализираат во општина Битола:
„Француската амбасада и градот Битола реализираат многу заеднички проекти, а наскоро по повод 100 годишнината од Првата светска војна ќе презентираме повеќе заеднички активности. Тоа беше ужасна војна во која имаше 10 милиони жртви од Франција, а во тоа време страдал и градот Битола кој освен последици од војната се соочил со голем глад на населението што го предизвикала војната. Ние исто така сакаме француските гробишта во Битола да ги направиме да бидат најубави, особено во пресрет на 11 ноември каде ќе понудиме нова содржина која ќе биде интересна за туристи од Франција, но и од Битола“, изјави амбасадорката на Франција, Н.Е Лоренс Оер.
Општина Битола и во понатамошниот период ја продолжува соработката со Република Франција на сите нивоа и во сите области.
„Ние долги години одлично соработуваме со збратимениот град Епинал чии претставници ќе бидат наши гости на 4-ти ноември, за време на празникот на градот. Веќе се најавени бројни гости од Франција за 11 Ноември, а програмата се утврдува и очекуваме пригодно одбележување на историскиот датум“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.