МИНИСТЕРОТ АДЕМИ НА СОСТАНОК НА СОВЕТОТ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

МИНИСТЕРОТ АДЕМИ НА СОСТАНОК НА СОВЕТОТ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Министерот за животна средина и просторно плнирање Абдилаќим Адеми присуствуваше  на редовната седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Целта на средбата беше Министерот Адеми да ги запознае градоначалниците на деветте општини од  плански регион Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Могила и Новаци, со двата постоечки модели на интегрирано управување со отпад кои се реализираат во Македонија. Едниот модел е заснован на остварување на јавно-приватно партнерство, а другиот модел е преку користење на европските претпристапни фондови.