РЕКОНСТРУИРАН ТАВАНОТ ВО САЛАТА ЗА НАСТАНИ ВО ОУ „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“

РЕКОНСТРУИРАН ТАВАНОТ ВО САЛАТА ЗА НАСТАНИ ВО ОУ „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“

Со свечена приредба вчера повторно беше пуштена во употреба салата за настани односно таканаречената „ АУЛА “ во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.
Реконструкцијата на таванот на салата беше дел од успешното имплементирање на проектот на Европската Унија и Советот на Европа, преку Програмата РОМАКТЕД Фаза II за „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“ во Општина Битола.
Со спроведувањето на овој проект се постигна и одржливост на целите, приоритетите и напредокот на образованието во училиштето, а со тоа се создадоа услови за подобра заедничка соработка помеѓу учениците, наставниците и родителите во општината.