Делегација од општина Битола предводена од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и претставник од ЈП Паркинзи Битола, присуствуваше во Херцег Нови, Црна Гора, по повод одбележувањето на денот на ослободувањето на градот.
Под слоганот “Херцег Нови, град кој расте”, за време на престојот во Херцег Нови, делегацијата присуствуваше на повеќе организирани настани во рамките на активностите по повод ослободувањето на градот.
Претставниците на општина Битола остварија средба и со градоначалникот на Херцег Нови Стеван Катиќ, претседателот на Советот Иван Отовиќ, заменик градоначалникот Мирко Муштур, како и со претставници на советот. На средбите беа разменети искуства и беше потенцирана заедничката заложба за продлабочување на соработката помеѓу двата градови во наредниот период.
За време на престојот, претставниците на општина Битола присуствуваа и на свечената седница која се одржа во присуство на голем број државни функционери од Црна Гора, дипломатскиот кор и претставници на збратимените градови со Херцег Нови.