РАКОВОДСТВОТО НА „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ НА РАБОТЕН СОСТАНОК ВО ОПШТИНА БИТОЛА

РАКОВОДСТВОТО НА „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ НА РАБОТЕН СОСТАНОК ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Денес во посета на Општина Битола беше новиот комерцијален директор на Кромберг и Шуберт, г – дин Хорациус Радикс, заедно со менаџерката за човечки ресурси, г-ѓа Ирена Ристевска.

На средбата со градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски се разговараше околу изградбата на новата детска градинка во АРМ, проект кој е во напредна фаза на изградба, а беше започнат со донација на фабриката Кромберг и Шуберт, додека целосната изградба до комплетирање и ставање во функција на објектот, се обврски на чија реализација работи Општина Битола.

Претставниците на германската компанија „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона Жабени, информираа и за идните планови за зголемување на бројот на вработени за новите производни линии на фабриката.

Општина Битола продолжува како и досега со блиска соработка со компанијата „Кромберг и Шуберт“, во насока на остварување на заедничките цели на двете страни и обезбедување подобри услови за живеење на сите граѓани на општината.