АВИОН ВЕЌЕ Е НА ПАТ КОН БИТОЛА ЗА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРОТ

АВИОН ВЕЌЕ Е НА ПАТ КОН БИТОЛА ЗА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРОТ

Состојбата на теренот со пожарот во атарот на селото Буково и кон Стрежевскиот канал е стабилизирана, но и натаму постои опасност од негово ширење.

Еден авион за гаснење на пожарите веќе е на пат кон Битола и наскоро, за 10-тина минути се очекува да ја испушти првата количина на вода на опожарената локација, што ќе биде од суштинска помош за локализација на пожарот кон селото Буково. Бидејќи станува збор за испуштање на водени бомби, апелираме до граѓаните кои се на локацијата и помагаат во гаснењето на пожарите, да се дислоцираат за време на гаснењето на пожарот од воздух.

Во текот на целата ноќ, како и утринава, на терен се екипите на ТППЕ Битола, Македонски шуми, НП Пелистер, волонтери и здруженија.