ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН – ОПШТИНА БИТОЛА ПОДГОТВЕНА СО ПРОЕКТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН – ОПШТИНА БИТОЛА ПОДГОТВЕНА СО ПРОЕКТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА

Градоначалниците од Пелагонискиот плански регион, меѓу кои и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, одржаа работен состанок со министерот за локална самоуправа Златко Перински.

На овој состанок министерот Перински посочи дека е побарано од општините да подготват што подобра проектна документација за нови проекти, кои што во наредниот период ќе бидат финансирани од Владата. Градоначалниците од своја страна, го запознаа министерот со реализацијата на тековните проекти, динамиката на работа и подготвеноста на општините за нивна реализација.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посочи неколку конкретни проекти за општина Битола, кои пред сѐ се однесуваат на инфраструктурата, канализационата и водоводната мрежа и истакна дека општината е подготвена со проектна документација за голем дел проекти, кои се од суштинско значење на жителите на градот и околните населени места.

Министерот Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа ќе обезбеди поддршка и средства во текот на целиот процес, но исто така ќе врши и комплетен надзор над изведбата и на трошењето на наменските средства.