Денес, во хотелот Премиер се одржа третата од предвидените четири сесии во рамките на Буџетскиот форум во општина Битола.
Во рамките на сесијата, се дискутираше за буџетските програми на општина Битола, а беа презентирани и расходите по програмите предложени на првата форумска сесија. Учесниците имаа можност да го презентираат сработеното на работната група, по што се разви и дискусија од страна на учесниците и усвојување на предлозите.
Беа презентирани и повратните информации во врска со релевантноста на граѓанските предлози од претходната сесија.
Работните групи имаа повторно можност да работат заедно во насока на дополнување на општинските предлози и предлозите од граѓаните, со цел да се донесат и формални препораки и одлуки, кои се усогласени во форумот, а се определуваа и средства за секој предложен проект.
Кон крајот на сесијата, беа утврдени следни чекори, инструкции за работната група, договарање на термин за четврта форумска сесија и оценка на форумската сесија.