КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА БИТОЛА ПРИРЕДИ ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ ЗА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО 4 НОЕМВРИ

КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА БИТОЛА ПРИРЕДИ ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ ЗА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО 4 НОЕМВРИ

На синоќешната свеченост, како што најави и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, во знак на добрата соработка на општина Битола и Камерниот оркестар на Битола, изведувачите на сцената му подарија одличен музички спектакл на приустните во салата на Народниот театар, во чест на празникот 4 Ноември и годинешните добитници на награди.

Камерниот оркестар на Битола, заедно со солистите Наде Талевска, Ирена Димовска Митревска, Агни Авшар, Ана Петановска, како и хорот Битвокс, изведоа безвременси хитови од осумдесетите и деведесетите години на минатиот век.

Публиката уживаше во настапот на солистите, придружувани од членовите на Камерниот оркестар на Битола, предводен од диригентот Владимир Димовски.

Во рамките на Програмата за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, присутните во Народниот театар имаа можност да ја погледнат изложбата „Битола некогаш и сега“, од авторот Петар Ставрев.