ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЗБРАТИМУВАЊЕ ПОМЕЃУ БИТОЛА И ЧИГАСАКИ ОД ЈАПОНИЈА

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЗБРАТИМУВАЊЕ ПОМЕЃУ БИТОЛА И ЧИГАСАКИ ОД ЈАПОНИЈА

После синоќешниот прекрасен концерт во рамките на програмата на фестивалот на класична музика Интерфест Битола 2023, каде заедно со Битолскиот камерен оркестар настапи Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука, денес оствари средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Амбасадорот и градоначалникот, ги искажаа големите впечатоци од концертот, договарајќи и идна соработка, особено од областа на културата, при што амбасадорот истакна дека, покрај што е голем вљубеник во културата и самиот е музичар.

Од двете страни, беше констатирано дека, соработката, уште повеќе ќе биде продлабочена преку збратимување на Битола и Чигасаки, за што со поддршка од Јапонската амбасада, од страна на Општина Битола, изразен е интерес до градоначалникот на Чигасаки, Сато Хикару, каде се покажува интерес за заедничко делување во повеќе области, во насока на зближување на двата народи.

Реализацијата на оваа иницијатива, ќе значи отворање на нови можности за соработка и размена на искуства помеѓу Битола и Чигасаки.