ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ ФК ПЕЛИСТЕР ИМА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА ВО МЛАДИНСКИ КАТЕГОРИИ

ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ ФК ПЕЛИСТЕР ИМА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА ВО МЛАДИНСКИ КАТЕГОРИИ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со претставниците на младинската школа на ФК Пелистер, кои постигнаа извонредни резултати во детската, регионалната и супер лигата. Со овие успеси, после 15 години Пелистер повторно има првак во младински категории, така што генерацијата 2006 пионери, со големата поддршка од нивниот тренер Никола Мрмачоски се шампиони на Македонија, додека генерацијата 2007 вицешампиони.

На средбата со градоначалникот, претставниците на младинската школа, потенцираа и дека генерациите 2008 и 2009 се регионални прваци, а генерацијата 2011 го освои второто место на завршницата од детската лига, додека генерациите 2012 и 2013 играа во полуфиналето од детската лига.

Градоначалникот Коњановски, на младите фудбалери им честита на постигнатите резултати, заблагодарувајќи им се за нивниот ангажман со кој стануваат нови спортски промотори на Битола и дополнителен поттик за спортски напредок на градот. Коњановски истакна дека, очекува и во следната сезона успесите се повеќе да се зголемуваат.