ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОДВОДНИОТ КАНАЛ НА РЕКАТА КУРДЕЛЕЦ ВО БЛИЗИНА НА БРУСНИЧКА НАСЕЛБА

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОДВОДНИОТ КАНАЛ НА РЕКАТА КУРДЕЛЕЦ ВО БЛИЗИНА НА БРУСНИЧКА НАСЕЛБА

После обилните врнежи од дожд на крајот на минатиот месец и проблемите кои се појавија кај повеќе граѓани, работни екипи на вработени со механизација на КЈП „Нискоградба“, работеа на расчистување на наноси од песок на дел од улицата 21-ва кај ,,Хотел Битола”, зграда бр.85 и згради лоцирани на улица на ,,Димитар Илиевски Мурато”.

Друга екипа на вработени со потребната механизација на претпријатието презедоа мерки за санирање на каналот кој беше пробиен од обилните врнежи од дожд на потегот од ООУ ,,Климент Охридски” до населба Довлеџик.

Причината за ваквата состојба, беше лоцирана во долгогодишната запоставеност и целосна затрупаност со отпад, како и неодржуваната вегетација, на каналот на реката Курделец, поради што градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и директорот на КЈП „Нискоградба“, Зоран Талевски, договорија динамика за целосно расчистување на овој дел, со цел спречување на понатамошни несакани појави.

Просторот кај одводниот канал и каналот се веќе значително расчистени, а со подобрувањето на хидролошката состојба, ќе следуваат финалните активности за дорасчистување на овој дел.