„БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ“ВО ОФИЦЕРСКИ ДОМ

„БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ“ВО ОФИЦЕРСКИ ДОМ

Како дел од чествувањето и одбележуавњето на Божиќните празници, синоќа, во Офицерскиот дом, се одржа „Божиќен концерт“.

На концертот присуствуваа неговото високок преосвештенство Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, како и голем број присутни граѓани, кои имаа можност да уживаат во звуците на црковната музика.

На концертот, настапија детскиот хор „Свети Стилијан“ од Битола, машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“,и хорот „Свети Ахил Преспански“ од Ресен.