Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање , рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12. 2017 ) во кој е дефиниран прагот на алармирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) надминување на вредноста од 150 µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат во мерната станица Битола 2.
Битола 2
03.01.2023 163.042 мг/м3
04.01.2023 207.565 мг/м3
Апелираме граѓаните да ги применат и поддржат препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање донесени во координација со Интерсекторската работна група за воздух во која членуваат и претставниците на Секторот здравство , во случај на надминување на прагот на алармирање за PM10, односно:
– сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работните обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста со препорака на матичен лекар, да го реоранизира работното време и лицата кои работат на отворено од 11:00 до 17:00 часот и да не се организираат спортски и други културни манифестации на отворено .
– да се зголемат активностите на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба
– единиците за локална самоуправа во соработка со Црвен Крст и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да дадат поддршка на стари и осамени лица преку организирани посети .
– препорака до сите инсталациите кои што поседуваат А-ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50%) не вклучувајќи ги инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија .
– органите на државна управа , заводите , јавните претпријатија и АД во државна сопственост, агенциите, фондовите, бироата како и единиците на локална самоуправа да ја намалат ( до 50%) употребата на службени возила
– да се користи јавниот превоз
– возилата да не се користат без поголема потреба
– повеќе лица да се возат во едно возило во исто време
– да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел , стиропор , ПЕТ амбалажа , парчиња гума или било кој друг синтатички материјал
– правилно да се користат печките на дрва
– спроведување на краткорочните мерки за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух
– зајакната инспекторска контрола на ракувачите со отпадни масла (колку се увезени , колку се складирани како отпад , како се третираат) и да вршат зачестена контрола на сервисите кои работат со промена на маслата .
– ограничување на работите на градежните објекти
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ги дава следните препораки :
– се препорачува земање на витамини (антиоксиданси), главно преку исхраната (свеж сезонски зеленчук и овошје) , по потреба и додатоци односно суплементи .
– хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапиија од матичните лекари и да се придржуваат до препорачаниот диететски режим со намален внес на масна и солена храна.