ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ БИТОЛА И ЛЕРИН

ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ БИТОЛА И ЛЕРИН

На покана на културниот клуб од Лерин, по повод шаховскиот турнир кој се одржа помеѓу екипи од Лерин, Битола и Прилеп, заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски оствари средба со градоначалникот на Лерин Василис Гианакис.

Покрај доделувањето на наградите на средбата се разговараше и за продолжување на соработката за заедничко учество на повиците од INTERREG програма за прекуграничната соработка со Грција. Општините Битола и Лерин уште од 2012 година заеднички учествуваа на првиот повик за прекугранична соработка каде успешно беше имплементиран и првиот проект за заштита од шумски пожари и склучен е меморандум за соработка на полето за противпожарна заштита.

Од страна на заменик градоначалникот Бојан Бојкоски во името на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, беше упатена покана до Градоначалникот на Лерин да ја посети општина Битола со цел продлабочување на соработка и на други полиња помеѓу двете општини.