НАЈМЛАДИТЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ПО ПОВОД 4 НОЕМВРИ

НАЈМЛАДИТЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ПО ПОВОД 4 НОЕМВРИ

По повод Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември, дечиња од детската градинка „Ѕвездички“ и ученици од основното училиште „Елпида Караманди“, ја посетија општина Битола и се сретнаа со градоначалникот Тони Коњановски.

Дечињата, кои за првпат ја посетија општината, разговараа со градоначалникот и ги искажаа сопствените мислења за градот, во каква средина сакаат да живеат, што им недостига и како го гледаат градот во иднина. Најголемиот дел од нив сакаат да има повеќе паркови, детски игралишта и детски реквизити.

Градоначалникот Тони Коњановски со особена радост ги дочека најмладите сограѓани и искажа големо задоволство што празничните активности за одбележување на 4 Ноември, започнуваат со детската радост и детски иницијативи, на чија реализација во идниот период потребно е да се посвети посебно внимание во соработка со раководството на воспитно образовните институции.