ЗА ПРВПАТ ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР НА ОПШТИНА БИТОЛА

ЗА ПРВПАТ ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР НА ОПШТИНА БИТОЛА

Општина Битола претставувана од градоначалникот Тони Коњановски, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи, здруженија на граѓани на Република Македонија претставуван од претседателот на Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Општина Битола, Александар Ничков и Синдикатот на работниците во администрација и државна управа претставуван од претседателот на Синдикалната организација на САДУ при Општина Битола, Блага Талевска, денес потпишаа Колективен договор на Општина Битола.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските и одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените во Општина Битола, со што во периодот кој следува се очекува да се добие зголемена експедитивност на општинската администрација, навремени и подобри услуги за граѓаните.

Претставниците на двата синдикати при општина Битола, изразија голема благодарност за тоа што градоначалникот Коњановски е првиот градоначалник кој покажа интерес во соработка со администрацијата и општина Битола да воведе нов начин на работа со кој јасно е искажана волјата за унапредување и грижа за вработените и нивните права, во интерес на подобрување на функционалноста на локалната самоуправа.