ПОЗНАТИ ЛАУРЕАТИТЕ НА ГОДИНЕШНИОТ ФЕСТИВАЛ БРАЌА МАНАКИ

ПОЗНАТИ ЛАУРЕАТИТЕ НА ГОДИНЕШНИОТ ФЕСТИВАЛ БРАЌА МАНАКИ

Синоќа во Центарот за култура заврши 43.издание на ИФФК „Браќа Манаки“, кое во изминатите 8 дена се одржуваше во Битола.

Последната вечер ги донесе и добитниците на наградите. Златната „Камера 300“ од страна на жири комисијата му беше доделена на Рубен Импенс, белгискиот кинематограф, за италијанскиот игран филм „Осумте планини“. Сребрената „Камера 300“ отиде во рацете на италијанката Дарија Д’Антонио, додека бронзената „Камера 300“ му беше доделена на кинематографот Хидетоши Шиномија од Јапонија.

Уште една кинематограферска ѕвезда, стана добитник на Специјалната „Камера 300“,  легендарниот Џон Метисон, два пати кандидиран за Оскар, кој е снимател на филмовите „Гладијатор“, „Икс-мен“, „Скајфол“ и многу други,

Синоќа беа доделени и наградите во документарната и студентската категорија.

За крај на фестивалот, премиерно беше прикажан македонскиот филм „Снежана на крајот умира“, во режија на Кристијан Ристески.