ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „НАДЕЖ“ ОВОЗМОЖЕНА ПОМОШ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО СО ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ

ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „НАДЕЖ“ ОВОЗМОЖЕНА ПОМОШ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО СО ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ

„НАДЕЖ“ е проект со кој 10 луѓе со помалку можности оваа седмица учеа да изработат мозаик. Во дворот на Вила Дихово, под менторство на ликовниот уметник Сандра Котевска изминатите 5 дена беа дел од тренингот за уметнички вештини. Проектот „HOPE” – Помош за зајакнување на луѓето“  кој е имплементиран од Про Локал има за цел да пренесе знаења и вештини до луѓе кои имаа помалку можности за развој или пак се соочуваат со потешкотии во живеењето. Градоначалникот Коњановски ги посети учесниците, разговараше за нивните предизвици и им даде поддршка кон нивните напори за подобрување на нивната моментална состојба. Претседателот на Про Локал, Емилиа Ѓероска изрази огромна благодарност и до Општина Битола, но и до локалните компании: Графопром, Колмак, Метал Ком и Мерве кои го подржаа проектот со обезбедување на материјали за работа на тренингот. Никола Димковски од регионалната Стопанска Комора истакна дека ваквите проекти се врската со бизнисот во насока на креирање општествено-одговорни компании.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од ЕРАЗМУС+ програмата преку Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност од страна на Про Локал во партнерство со ИН ВИВО од Скопје и уште две организации од Италија и Грција.