ШАМПИОНКИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, МЛАДИНКИТЕ ОД ЖФК АТЛЕТИКО ОД БИТОЛА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

ШАМПИОНКИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, МЛАДИНКИТЕ ОД ЖФК АТЛЕТИКО ОД БИТОЛА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

После постигнувањето на големите резултати и освојувањето на шампионската титула од страна на Женскиот фудбалски клуб „Атлетико“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски ги покани на средба младинките од овој битолски клуб кои станаа шампионки на Македонија. Ова е трета титула за оваа генерација фудбалерки, која најави дека следната сезона, повторно ќе се бори за шампионска титула. Нивниот тренер Никола Гелевски, рече дека резултатите се потврда за вложувањата во младинскиот фудбал во Битола, како и поттикнување на спортскиот натпреварувачки дух кај младите луѓе, за што е доста важна и воспоставената соработка со општина Битола.

Градоначалникот Коњановски, им честита за постигнатите резултати и им посака многу успеси во понатамошниот период, информирајќи ги дека оваа локална самоуправа и во понатамошниот период, продолжува да биде поддржувач на спортските клубови, со цел спортско издигнување на Битола.