ЗАВРШЕНО АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ВЕРА ЦИРИВИРИ ТРЕНА“, ЌЕ СЕ АСФАЛТИРААТ „ШТИПСКА“ И „БРЕГАЛНИЦА“

ЗАВРШЕНО АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ВЕРА ЦИРИВИРИ ТРЕНА“, ЌЕ СЕ АСФАЛТИРААТ „ШТИПСКА“ И „БРЕГАЛНИЦА“

Уште една улица од предвидените 23 за оваа година е завршена. Во текот на вчерашниот ден, со асфалтирањето на улицата „Вера Циривири Трена“, реализиран е проектот за „Рехабилитација на улица „Вера Циривири Трена“, за што од општинскиот буџет инвестирани се 745.589 денари.

Градоначалникот Тони Коњановски, денес изврши увид на текот на работните активности на улиците „Штипска“ и „Брегалница“, каде беше информиран од страна на работните екипи, дека асфалтирањето и на овие улици, ќе биде завршено до почетокот на идната недела.

Градежните работи со цел подобрување на патната инфраструктура во општина Битола, продолжуваат и во следниот период со зголемен интензитет, до комплетна реализација на проектот за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23“ улици, од кои дел се комплетно завршени, на неколку градежните активности се во тек, а наскоро ќе започне реконструкцијата и на останатите улици кои се дел од овој проект.