Со континуирана работа на терен, викендов завршено е асфалтирањето на улицата Довлеџик на потегот од раскрсницата со ул.Големо Езеро до мостот на р.Драгор. Улицата ќе биде пуштена за сообраќај во понеделник.
Со комплетната дореализација на проектните активности предвидени за овој дел на градот кои опфаќаат и реконструкција на мостот, Битола ќе добие нов современ булеварски влез од страната на Охрид.