ПОДДРШКА ЗА БИТОЛА НА ТОЧАК ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТНИЦИТЕ

ПОДДРШКА ЗА БИТОЛА НА ТОЧАК ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТНИЦИТЕ

Со старт на плоштадот “Магнолија” во 18.00 часот, започна Критичната Маса #62, како дел од иницијативата БитолаНаТочак.

Оваа активност успеа да ги обедини љубителите на велосипеди од 7 до 77 години, а заедно со граѓаните на велосипед беше градоначалникот Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела Илиевска и други членови на општинскиот совет, поддржувајќи ја заложбата за подобра велосипедска инфраструктура во градот.

Учесниците на #62 критична маса, од плоштадот “Магнолија”, возеа по Булеварот 1 Мај, улицата “Васко Карангелевски”, “Партизанска”, до Спортската сала “Боро Чурлевски”.