Општина Битола е една од новите 24 општини кои се дел од проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
Градоначалникот Тони Коњановски, го потпиша Меморандумот за соработка, со кој општината се обврза за подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способностите на локално ниво за планирање, управување и спроведување на јавните средства.
Со поддршка од овој проект преку подобрување на функционалноста, ќе се зголеми наплатата на приходите од сопствени извори, што е многу важно за одржлив и инклузивен општествен, локален и економски развој, зголемена општествена одговорност и поквалитетни услуги за граѓаните.