СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ШЕСТ УЛИЦИ ВО БИТОЛА

СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ШЕСТ УЛИЦИ ВО БИТОЛА

Општина Битола ја започна реконструкцијата на улиците „Струшка“ и „Сутјеска“, а градежните активности продолжија и на улиците „Цане Василев“, „Македонска фаланга“, „Солунска“ и „Довлеџик“.

Во моментот на улиците „Струшка“ и „Сутјеска“, се врши промена на канализационата мрежа, по што ќе следува и реконструкција на коловозот. Градежните работи се извршуваат во должина од околу 400 метри со вредност од 5 623 157 денари, а истите општината ги реализира во рамките на проектот „БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите, финансиран од Европската Комисија.

Промена на канализационата мрежа, се врши и на улицата „Цане Василев“, каде согласно проектната документација, предвидена е комплетна промена на канализационата и водоводната мрежа, нов коловоз и тротоари, во должина од 290 метри.

На улицата „Македонска фаланга“ во тек се инфраструктурните зафати кои се дел од проектот за комплетна реконструкција на оваа улица. Истиот вклучува промена на канализационата мрежа на улицата, решавање на проблемот со атмосферските води, асфалтирање, поплочување на тротоарите со гранитни плочки и ново улично осветлување. Вкупната вредност на оваа инвестиција од општината изнесува 17.338.027 денари.

На улицата „Солунска“ во тек е реконструкција на водоводната мрежа и подготвителни активности за реконструкција на коловозот. Согласно предвидената динамика, оваа улица ќе биде завршена на почетокот на мај.

На улицата „Довлеџик“, во тек се подготвителни активности за оспособување на коловозна лента пред отпочнување на реконструкцијата на атмосферската канализациона мрежа.

Наведените шест улици на кои градежните активности се во тек, се дел од проектот „Изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици“, кој го најави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на почетокот на годинава.