МЕЃУНАРОДНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПРОЕКТОТ „ПОЛОВА ЕДНАКВОСТ И ДИГИТАЛНО ОПШТЕСТВО“ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

МЕЃУНАРОДНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПРОЕКТОТ „ПОЛОВА ЕДНАКВОСТ И ДИГИТАЛНО ОПШТЕСТВО“ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Претставници од пет држави, заедно со професори од СОЕУ „Јане Сандански“, денес остварија средба со градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.

На средбата, гостите од Турција, Романија, Бугарија, Италија и домаќините од СОЕУ „Јане Сандански“, го запознаа градоначалникот со текот на мобилноста која се одржува во Битола до 1 април, на која се застапени темите за родовата еднаквост, насилството врз жените, како и за активностите во делот кој се однесува на дигиталното општетство.

Градоначалникот Коњановски, ги информираше гостите за најзначајните карактеристики на градот, културните знаменитости, историските обележја, образовните институции, економските можности и капацитети итн.

Гостите особено искажаа задоволство од убавината на градот, културните знаменитости и античкиот локалитет Хераклеа, истакнувајќи дека дома ќе се вратат побогати не само од искуствата добиени преку проектот „Полова еднаквост и информатичко општество“, туку и од топлината, гостопримството на домаќините и урбаниот стил на Битола.