ХУМАНОСТ ЗА ЖИТЕЛИТЕ ОД ЗБРАТИМЕНИОТ ГРАД КРЕМЕНЧУК ВО УКРАИНА

ХУМАНОСТ ЗА ЖИТЕЛИТЕ ОД ЗБРАТИМЕНИОТ ГРАД КРЕМЕНЧУК ВО УКРАИНА

Општина Битола и Општинската организација на Црвен крст Битола, од вчера ја спроведуваат хуманитарната собирна акција пред Веро (Широк Сокак), како и пред Веро (Нова Битола), како помош на жителите од збратимениот град Кременчук во Украина.

Во денешната акција се вклучија и градоначалникот Тони Коњановски, советници од Советот на општина Битола и директори на јавните претпријатија од градот, кои со својата хуманост, даваат придонес за полесно надминување на состојбите со кои се соочуваат жителите на Кременчук, како последица на воениот конфликт во Украина.

На местата за собирање донации се донираше конзервирана и друг вид храна со подолг рок на траење, храна погодна за транспорт и чување, како и средства за хигиена.