ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА ДЕПОНИЈАТА КАЈ КРКАРДАШ

ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА ДЕПОНИЈАТА КАЈ КРКАРДАШ

Општина Битола, во соработка со ЈП Комуналец, ЈП Водовод и КЈП Нискоградба, продолжува со расчистување на дивите депонии низ општината. Денес, акцијата продолжи на патеката која води до Црквата „Свети 40 маченици“, кај Кркардаш, каде што низ годините е создадена депонија во должина од половина километар.

Градоначалникот Тони Коњановски, и директорите на јавните претпретијатија денес ја посетија оваа локација, со цел постапување според утврдената динамика за комплетно расчистување на оваа локација, каде секојдневно се движат голем број граѓани, а набрзо, на 21 март се одбележува и празникот посветен на црквата на Кркардаш.

Во пресрет на овој датум кој е и ден на екологијата и пролетта, општината во соработка со јавните претпријатија, ќе врши чистење и на другите мапирани локации, а ќе се реализираат и други активности, со цел еко ден да биде секој ден.