ИНИЦИЈАТИВА: ОПШТИНА БИТОЛА ДА БИДЕ ПРВАТА ОПШТИНА КАДЕ ЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА ПРОГРАМАТА ЗА ПОВРАТОК НА ИНСУЛИНСКИТЕ ПЕНКАЛА

ИНИЦИЈАТИВА: ОПШТИНА БИТОЛА ДА БИДЕ ПРВАТА ОПШТИНА КАДЕ ЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА ПРОГРАМАТА ЗА ПОВРАТОК НА ИНСУЛИНСКИТЕ ПЕНКАЛА

На иницијатива на Здружението на дијабетичари на општина Битола, Градоначалникот Тони Коњановски, денес одржа работен состанок со претставници од ова здужение, претставници на компанијата Ново Нордиск од Скопје, фармацевти и доктори. На средбата, на која присуствуваше и пратеничката д-р Олга Лозановска, беше образложена иницијативата, општина Битола да биде првата општина каде ќе се спроведува програмата за повраток на инсулинските пенкала, како начин за повраток и менаџирање на инсулинскиот отпад.

„Загадувањето на животната средина е резултат на човечката активност во воздухот, водата или почвата, кое штетно влијае на животот и здравјето на луѓето. Лицата кои живеат во состојба на дијабетес и се корисници на инсулин, користат пластичен производ за еднократна употреба и тој е постојан нивни придружник, кој живот значи, а инсулинските пенкала завршуваат  во општиот отпад во домаќинствата, што секако не треба да биде трајно решение. Со реализацијата на овој предлог ќе се постигне заштита на животната средина, а инсулинските пенкала ќе доживеат втор живот во областа на индустријата во облик на различни производи“, беше нагласено од страна на претставниците на здружението и компанијата на денешниот состанок.