После пожарот кој избувна попладнево во фабриката за леб и бели печива „Жито Битола“, екипите на ТППЕ Битола интервенираат на терен.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, веднаш пристигна на местото и воспостави дополнителни контакти со цел добивање поголема поддршка за навремено локализирање на пожарот.
Коњановски информираше дека на терен се девет возила и 27 пожарникари на противпожарната единица, а од негова страна побарана е поддршка и од РЕК Битола од каде пристигна дополнително возило – цистерна која ќе помогне во гаснењето на пожарот. Градоначалникот воспостави контакт и со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со цел преземање на сите потребни мерки и спречување на понатамошно ширење на пожарот.